Арифи: Дијалогот девет години беше целосно во интерес на Србија, но веќе нема да биде така

Од:

Шефот на тимот на косовската Влада за технички преговори со Србија, Авни Арифи оцени дека во изминатите девет години, колку што се одвива дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој бил исклучиво во полза на српските интереси, но дека тоа веќе нема да биде така.

Арифи, кој е и шеф на кабинетот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и член на државната делегација за преговори со Србија, основана минатиот месец од Собранието на Косово, вели дека потврда за неговото тврдење се јавните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Дијалог каков што досега имаше Косово не треба да има никогаш повеќе. Дијалогот во изминатите девет години беше единствено во служба на интересите на Србија. Ова го потврдува и српскиот претседател Вучиќ во интервјуто за весникиот „Данас“ од 26.01.2019, напиша шефот на кабинетот на Харадинај на својот профил на Фејсбук.

Тој ја цитира изјавата на српскиот претседател за белградскиот неделник, во која Вучиќ вели: „Дијалогот ја зајакна српската позиција, со разговорите купивме време и се вративме во игра“.

Според Арифи, актуелната власт и државната делегација за преговори со Србија „повеќе нема да бидат во функција на таков дијалог“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски