МЗ: Внуката на министерот Филипче е вакцинирана по редовниот календар за имунизација, соодветен за нејзината возраст

Од:

Од министерството за здравство објавија демнат на објавите дека министерот Филипче ја вакцинирал својата внука со МРП вакцина. Како што викаат тие негова цел била да покаже дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразни болести.

„Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!

На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.

„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави министерот Филипче.

Апелираме граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи станува збор за лажни вести“ велат од министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Горан Наумовски

Филипче најави продолжување на партнерството со НСДП во новиот политички фронт

Горан Наумовски

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет