Маж се затрул од истечена плинска боца во Пробиштип

Од:

Маж се затрул од истечена плинска боца во Пробиштип. Како што информира полицијата, вчера околу 15,25 часот било пријавено дека на улица „Македонски револуционери“ во Пробиштип во сопствениот дом бил пронајден починат М.Т.(52).

Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Тој бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бессознание, по што со помош на други роднини бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва