Паркингот на аеродромот во Скопје завеан во снег, граѓани се жалат на неисчистени коловози низ целата држава

Од:

Снегот кој што вчера падна во главниот град, предизвика проблеми на Меѓународниот аеродром Скопје.

Откако синоќа авион на компанијата „Германија“ со околу 200 патници, пред полетување за Цирих заглавил во нанос од снег, денес се уште не е исчистен паркингот пред аеродромот.

Паркирањето на овој паркинг чини 80 денари за 1 час.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат и за неисчистени патишта низ целата држава, иако службите на Македонијапат, соопштуваат дека работат на терен.

Синоќа патниот правец Росоман-Прилеп беше во прекин, откако камион на ЈП „Македонијапат“ кој работел на расчистување на снегот се преврте.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата