Вучиќ на вонредна прес-конференција соопшти дека член на неговата партија бил уапсен за палење на куќа на новинар

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во најавеното вонредно обраќање пред српската јавност порача дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот, без разлика која партиска книшка поседуваат.

Во тој контекст, српскиот претседател во обраќањето со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потврди дека денеска е уапсен осомничениот налогодавач на палењето на куќата на новинарот на порталот „Жиг Инфо“, Милан Јовановиќ, на 12 декември минатата година во општина Гроцка, во близина на Белград.

– Сакам да ве информирам дека српската полиција на 25 јануари 2019 година го уапси Драгољуб Симоновиќ, претседателот на општина Гроцка, кој е претседател и на општинскиот одбор на СНС и на главниот одбор на СНС, рече Вучиќ.

Според информациите добиени од страна на полицијата за време на истрагата, Симоновиќ преку полицискиот службеник Игор Новаковиќ му пренел наредба за напад врз новинарот Јовановиќ, појасни Вучиќ.

Новаковиќ потоа го ангажирал Александар Маринковиќ, кој ја запали куќата на Јовановиќ во Врчин и Бојана Цветковиќ Шијачки, која беше возач.

Вучиќ изјави дека полицискиот службеник, Новаковиќ, Маринковиќ и Цветковиќ Шијачки, признале дека извршиле кривично дело.

– Ова за нас е важен ден, иако не е убав. Тоа покажува дека Србија е безбедна земја, дека во Србија нема убивање новинари…Ќе посветиме внимание на правдата и на враќањето на контролата во рацете на народот и дека никој не може да биде толку силен да се заканува, ранува или да тепа, без разлика на која политичката партија припаѓа, истакна Вучиќ.

Со ова, српскиот претседтел првпат одговори на едно од повеќето барања на масовните граѓански протести во Белград и во Србија – решавање на обидот за убиство и палењето на куќата на новинарот Милан Јовановиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски