Комппанијата „Агоу Аркитектс“ проектираше двокатна куќа широка 3,5 и долга дури 17 метри, наменета за млада брачна двојка со едно дете.
Тесната и долга куќа има перфориран челик што помага сончева светлина директно да влезе внатре и сѐ тоа да биде доволно природно. Тоа, меѓу другото, битно ги намалило и трошоците при изградбата, истакнуваат сопствениците.
Првиот кат е семејниот простор кој води кон спалната соба. Двата ката се поврзани со скали од под кои има катче за складирање.
На вториот кат е просторот за детето, исполнет со природна светлина и со доволно простор за игра, спиење и учење.