Мицотакис: Тежок и тажен ден за Грција

Од:

Денеска е тежок и тажен ден за Грција, порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата дадена веднаш по изгласаната ратификација, на како што наведува, „штетниот Договор од Преспа“.

-Ратификација значи по прв пат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје. Така, се напушта децениската национална линија. Господинот Ципрас кажа „да“ онаму каде што сите негови претходници рекоа „не“. Причините, му се само нему познати, рече лидерот на Нова демократија.

Мицотакис го повтори и она што го најави во вчерашниот негов говор во Парламентот дека Нова демократија, дека како влада, ќе го искористи правото на вето за интеграција на Македонија во ЕУ.

-Лично, зборував искрено за големите тешкотии што доаѓаат од спроведувањето на договорот. Но, се обврзав дека ќе останам цврсто на националната должност: нема да го отфрлам правото на Грција да стави вето за интеграција на Скопје во Европската унија. Ќе се борам со сите мои сили за да ги ублажам негативните последици кои е сигурно дека ќе произлезат од проблематичниот договор, рече Мицотакис.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната