Честитки за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, откако тој претходно помина и во македонското Собрание денеска упатија и амбасадорите на Канада во Скопје и Атина, кати Ксаба и Марк Ален.
-Им честитаме на Северна Македонија и Грција за ратификацијата на Договорот. Завршувањето на овој процес е важен чекор, поттикнат од храброста и визијата на обете страни. Договорот решава еден разорен, долготраен спор и го втемелува патот за ширење на односите меѓу Грција и Северна Македонија. Ние веруваме дека исходот од овој Договор ќе биде поддршка за долгорочна стабилност, помирување и економски напредок во регионот, се наведува во честитката.
Ксаба и Ален нагласија дека лидерство и компромисот во двете земји беа потребни за да се постигне и ратификува овој Договор.
-Пронаоѓањето на насоката напред, придвижувањето над долго вкоравените позиции, не беше лесно. Но, преземените чекори го даваат ветувањето за подобра иднина за сите. Со завршувањето на ратификацијата, Канада однапред се радува на соработката со нашите партнери за да помогне во остварувањето на придобивките од овој Договор и на поблиско партнерство меѓу Грција и Северна Македонија, се додава во изјавата на двајцата амбасадори.