Османи: Засега без договор за можниот консензуален кандидат за претседател

Од:

ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и оти предвремни избори не се во интерес на државата, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Начелно имаме прелиминарен договор со СДСМ дека на овие избори ќе излеземе со заеднички кандидат. Сме разговарале и за одредени имиња за кои се шпекулира во јавноста, меѓутоа немаме договор досега во однос на тоа кој ќе биде кандидатот. Очекуваме да разговараме и за конкретни имиња, меѓутоа ДУИ останува на ставот дека Македонија треба да има консензуален претседател, рече Османи.

Тој нагласи дека оваа идеја ја застапуваат од 2014 година, опстојуваат на неа и денес и ќе продолжат да ја застапуваат и во наредните мандати ако не успеат сега.

Во однос на предвремени парламентарни измени, Османи нагласи дека партискиот интерес е да има парламентарни избори денеска-утре, бидејќи досега немале таква можност за силна победа како сега, но оти тоа не е државен интерес, туку завршување на процесот за отпочнување претпристапни преговри.

-Приоритет е да го завршиме процесот за почнување преговори со ЕУ. Со предвремени избори сметаме дека свесно ќе го компромитираме тој процес. Начелно сем против избори, меѓутоа доколку СДСМ денеска одлучи дека се за парламентарни избори ние нема да бидеме против. Но, даваме порака до сите политички партии дека сега е време за фокус на реформската агенда и започнување на преговори оваа година, подвлече Османи на новинарско прашање по семинарот на СЕП и Француската амбасада за подготовка на администрацијата за пристапни преговори.

Запрашан во однос на тоа кои се прифатливи кандидати за ДУИ, Османи рече дека е рано да се разговара за тоа, подвлегувајќи го партискиот став оти сметаат дека кандидатот треба да ги надмине етничките и партиските линии, но, доколку има добар кандидат, и во рамки на партиите, ние сме подготвени да разговараме.

-Мислам дека е рано да разговараме за имиња, бидејќи го компромитираме процесот, граѓаните да го кажат прво своето мислење во различни испитувања на јавното мислење, рече Османи, запрашан дали Шекеринска и Спасовски се прифатливи кандидати за ДУИ.

Во однос на тоа колку е добро Македонија да оди на предвремени избори кога се очекува Европската унија да донесе одлука за отпочнување на преговорите и дали тоа ќе влијае на европската агенда, францускиот амбасадор Тимоние вели дека тоа е внатрешно прашање на Македонија.

-Важно е да се продолжи со спроведувањето на агендата на реформите, меѓутоа тоа спроведување да е во духот на зајакнување на националниот консензус, бидејќи еропската идеја е идеја која што обединува, која што го трансформира општеството, идеја на заемно почитување меѓу различните заедници. Нашите пратеници кои се на овој семинар ќе го пренесат напредокот којшто е констатиран и којшто го прави Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Но, исто така, пратениците треба да им објаснат на француските граѓани дека реформите продолжуваат, но тоа не значи дека ќе сакаат да се внесат дополнителни проблеми во ЕУ затоа што со членството во Унијата Македонија ќе има и дополнителна одговорност да испорачува надеж, а токму таа надеж конкретно и денес се остварува, рече Тимоние.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка