Мадуро подготвен за дијалог со опозицијата

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека „ќе продолжи да владее“ со земјата и покрај тоа што претседателот на Парламентот Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател, но и порача дека е подготвен за дијалог со опозицијата.

Мадуро рече дека самопрогласувањето на Гуаидо за претседател претставува обид за „државен удар“ поттикнат од САД, и нагласи дека нема уставни причини да биде сменет од власт.

Тој исто така повтори дека Венецуела ги прекинува дипломатските односи со САД и оти американскиот дипломатски персонал мора до недела да си замине од земјата.

Но и покрај ставот дека венецуелската „десничарска“ опозиција соработува со „американскиот империјализам“, Мадуро изрази подготвеност на дијалог со опозицијата, поздравувајќи ги предлозите на Мексико и Уругвај да се почне дипломатска иницијатива во таа насока.

– Да се разговара, да се слушаме едни со други, да се разбираме едни со други… се разбира дека се согласувам со тоа, изјави Мадуро.

Гуаидо во меѓувреме му се обрати на американскиот државен секретар Мајк Помпео и побара „итна хуманитарна помош во храна, лекови и медицинска опрема“ за Венецуела. Состојбата во земјата, во која инфлацијата достигна стапка од два милиони отсто, ја опиша како „хуманитарна катастрофа“.

Во својата прва јавна изјава откако во средата се прогласи за привремен претседател на земјата, Гуаидо рече дека ќе ја разгледа можноста за амнестија за претседателот Николас Мадуро и неговите соработници, ако помогне Венецуела да се врати кон демократија.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски