А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработен во општина Охрид со лажни записници за штети им исплаќал пари на роднини

by А1он24/01/2019 - 16:54471
Share0

Општина Охрид, денес, официјално, по објавата дека има низа неправилности при исплатите на отштетите за земјотресите што го погодија Охрид во 2017 година, утврдила низа пропусти и злоупотреби на средствата што се делеле според роднински врски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателот на комисијата, Радован Вељаноски, кој заедно со комисијата составена од други четири члена, одлучувал за тоа кому ќе му се доделат средства, ја злоупотребил функцијата и со сомнителни записници од процената за штетите дозволил блиски членови на неговото семејство да бидат обесштетени иако тие не поднеле барања. Против Вељаноски е изречена дисциплинска мерка со кратење 30 отсто од неговата плата во наредните шест месеци.

В.д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, вели дека постојат и други сомнителни трансакции, меѓу кои и исплати на вработени во Општината, па затоа случајот со целата документација е предаден во СВР Охрид и ЈО.

Општина Охрид по земјотресите во 2017 година, одобрила исплаќање пари за отштета на четири лица, иако барања биле поднесени од двајца. Исплата му била направена и на вработениот во кабинетот на градоначалникот, Илија Пиперкоски, иако тој не е сопственик на имотот каде што имало штети од земјотресите. Во јавниот повик наведено е дека сопственикот на имотот треба да приложи трансакциска сметка заедно со имотен лист. Но, парите, наместо на сметка на мајката на Пиперкоски, која го поднела барањето и која е сопственик на имотот, легнале на негова сметка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кристијан Ландов

hronikaohrid

Би можело да ве интересира

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 18:21

Пијани Србинки се истепале во Охрид

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 18:19

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 13:35

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски23/07/2026 - 12:4423/07/2026 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео