Струмичани лани најмногу реагирале на уличното осветлување

Од:

Лани во „Систем 48“ граѓаните пријавиле 1.428 комунални проблеми, од кои се решени и одговорени 1.203, а останатите 225 се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираат од општина Струмица.

Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување – 694,од областа на собирање смет – 183, водовод и канализација – 162, паркови и зеленило – 138, општински инспекциски служби – 13 и исто толку за улици, патишта и тротоари.

Целта на општинскиот сервис „Систем 48“ е зголемување на транспарентноста на јавно достапните услуги кои ги нуди општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите