Шпанскиот тенисер Рафаел Надал забележа лесна победа над Гркот Стефанос Циципас денес на Грен слемот во Мелбурн и се пласира во големото финале.
Надал за само еден час и 48 минути игра додје до убедливи 3-0, по сетови 6:2, 6:4 и 6:0.
Вториот светски рекет во петто свое финале на Австралија опен за противник ќе го има поуспешниот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лук Пуј закажан за утре.