Отворена трката за наследникот на Бенедикт

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Оставката на папата Бенедикт XVI отвори врати за негови можни наследници од конзервативни кардинали од Милано до кандидати од Гана и повеќе Латиноамериканци.

Нема изразен фаворит, иако во последните години неколку водечки кандидати се споменуваа како „папабили“, оние кои имаат квалитет да седнат на светата столица.

Повеќе од 110 кардинали имаат помалку од 80 години, право на глас, и ќе ги разгледаат сите прашање, кога наредниот месец зад затворени врати во Скитинската капела ќе се избеде новиот папа.

Некои оставката на Бенедикт ја гледаат како можност за свртување кон Африка или Латиноамерика, каде католицизмот е подинамичен.

-Европа денес поминува низ периот на културолошки замор , исцпреност, кој се рефлектира на начинот на кој христијанството живее – изјави свештеник од „Фатим“, централна Португалија, Антонио Марто.

И покрај ентузијазмот, повеќе од половината кои можат да гласаат во колегијумот на кардинали се од Европа, што во континуитет дава предност, иако не постојат правила кардиналите да гласаат во согласност со географските блокови на кои припаѓаат.

Исто така веројатно е дека идниот папа нема радикално да го смени правецот на црквата, иако можни се изненадувања.

-Имајќи ги во предвид кардиналите кои ги именуваа папата Јован Павле и Бенедикт, малку е веројатно дека наредниот папа ќе направи повеќе радикални промени -изјави свештеникот Џејм Мартин.

Неколкумина италијани се вклопуваат во „трката“, меѓу нив е и кардиналот Анџело Скола, надбискупот од Милано. Скола е близок со Бенедикт, интелектуално е силен и ја предводи најважната надбискупија во Италија, што не е занемарувачко, бидејќи италијаните доминираат во колегијумот на кардинали.

Вториот водечки италијан е кардиналот Џанфранко Равази (70), уште еден интелектуалец кој со леснотија ги цитира Хегел, Ниче и Евангелието.

Латионамерика нуди повеќе кандидати.

-Време е за латиноамерикански папа, бидејќи ние имаме најголем број христијани – изјави отец Хуан Анхел Лопез, претставник на католичката црква во Хондурас.

Негов фаворит е кардиналот Оскар Андрес Родригез Марадијага од Хондурас, но тој е премногу либерален, за да биде избран.

Најголеми можности има бразилскиот кардинал Одило Педро Шерер (63), надбискуп во Сао Пауло, и аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри (69).

Кардиналот Петер Кодво Турксон од Гана е еден од најистакнатите афрички кардинали во Ватикан.

Еден од можните афрички кандидати за новиот папа е и кардиналот Роберт Сарах од Гвинеја, кој е претседател на папскиот совет Кор Унум.

Северна Америка има повеќе кандидати, но тие имаат најмалку можност да бидат избрани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска