Мицотакис на Твитер: Прекршени се националните линии на земјата

Од:

Порака дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе одговара и пред народот и пред историјата за Договорот од Преспа, испрати лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис преку неговиот официјален Твитер профил и додава дека се прекршени националните линии на земјата.

-Наместо да земеме ерга омнес сложено име, даваме ерга омнес македонски идентитет и јазик. Време е пратениците да преземат одговорност и да одлучат: ќе кажат „да“ онаму каде што шест премиери кажаа „не“?, напиша Мицотакис на Твитер.

Заедно со пораката сподели и видео од неговиот говор на 12-от Конгрес на Нова демократија на 14 декември минатата година.

-Го обвинувам господинот Ципрас дека рече „да“ онаму каде што 6 премиери: Константинос Мицотакис, Андреас Папандреу, Костас Симитис, Костас Караманлис, Јоргос Папандреу, Андонис Самарас, рекоа „не“ за признавање на наводен македонски јазик и националност, вели лидерот на Нова демократија во изјавата од партискиот конгрес.

Видеото завршува со испишана порака до Ципрас.

-Обврзан сте, господине Ципрас да одговарате не само пред Македонците и целиот грчки народ, туку и пред историјата, му порачува Мицотакис на грчкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми со Грција и со Европа

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Мицотакис: Мора да има целосно усогласување со одредбите од Договорот од Преспа

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија