Бибер: Договорот од Преспа го враќа кредибилитетот на ЕУ

Од:

Договорот од Преспа е решение кое е добро за кредибилитетот на ЕУ, но и за другите земји од Балканот. Со неговата ратификација во грчкиот Парламент се отстранува и последната пречка, тоа прашање ќе се реши и веќе нема да биде можно враќање по старо, оценува политичкиот аналитичар и професор на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

Во интервју за Дојче веле, Бибер истакнува дека постојат отпори што се гледа и по демонстрациите во Грција и однесувањето на опозицијата во Македонија, но смета дека е малку веројатно оти ќе се спречи ратификацијата и примената на Договорот од Преспа.

Македонија, нагласува Бибер, со договорот добива многу – членство во НАТО и перспектива за интеграција во ЕУ, а Грција, според него, можела и понатаму да продолжи да живее и без договорот.

За отворената поддршка на германската Влада на Договорот од Преспа и отстранувањето на блокадите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, Бибер вели дека грчкото вето уште од почеток било бламажа за ЕУ, проблематичен и некредибилен чекор.

– Сметам дека Германија правилно постапи што инсистираше овој конфликт да се реши. Сега не само што се отвора можност за пристапување на Македонија во НАТО, туку целиот процес за перспективата за евроатлантската интеграција на Западен Балкан станува покредибилен и полесен. Процесот ќе зависи од внатрешните политички реформи во земјата, а не од симболични надворешни причини, вели Бибер.

Прашан дали постои реална опасност од дестабилизација на Балканот ако Македонија остане надвор од НАТО и ЕУ, Бибер оценува дека дестабилизацијата не настанува од тоа што една земја нема да биде примена, но немањето перспектива секако влијае дестабилизирачки и за земјата и за регионот.

Немањето перспектива може да се одрази негативно на демографскиот и на економскиот развој на земјите, но и на односите со ЕУ. Затоа, според него, секоја земја во регионот треба да има јасна перспектива за прием во ЕУ и НАТО, што за Македонија се овозможува со Договорот од Преспа како позитивен сигнал и за другите држави во регионот.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите