Политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Македонија и Украина

Од:

На 22 јануари 2019 година во Киев беа одржани политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Украина, предводени од државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Васил Боднар.

Димовски и Боднар изразија заемно задоволство од позитивниот тренд и динамиката на билатералните односи и го реафирмираа интересот за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во сите области од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на економската соработка и во тој контекст на претстојната средба на мешовитиот комитет за спроведување на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина.

Воедно, беа разменети мислења и за други актуелни теми од меѓународните односи, внатрешно политичките и економски состојби во двете земји, како и за актуелните регионални прашања. Во овој контекст украинската страна информираше за предизвиците со кои се соочува на безбедносен план, како и за тековните напори за нивно надминување.

Во рамките на политичките консултации беше потпишан План за консултации помеѓу двете министерства за надворешни работи за периодот 2019-2020 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија