Средба на министерот Бесими со грчкиот амбасадор Лалакос

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска оствари протоколарна средба со шефот на канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Харис Лалакос.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата се разговараше за соработката и значењето на унапредувањето на билатералната соработка, како и имплементација на Планот за билатерална соработка за 2013 година. Бесими и Лалакос разговарале и за евроатлантските интеграции како на Република Македонија, така и во целиот регион во насока на унапредување на стабилноста на регионот и придонес кон глобалниот мир.

Министерот Бесими најави средба со грчкиот министер за одбрана во текот на оваа година, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата