На владина седница усвоена Предлог-програма за реализација на Планот за чист воздух

Од:

Владата вечерва на 116-та седница ја усвои Предлог-програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година, која се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување; градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст; регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата.

– Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од два милиона евра. Парите ќе се наменат за финансирање на замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, соопшти владината прес-служба.

Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019 година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации коишто се однесуваат на изработка на посебна веб-страница, каде што на едноставен начин ќе бидат набројани сите мерки кои треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање филтри во малите и средните претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба