Грчки медиуми: Груевски не прифаќа предвремени парламентарни избори

Од:

Македонскиот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и порача на опозицијата дека нема договор за предвремени парламентарни избори, додека Брисел го зголемува притисокот врз Владата и опозицијата да ја решат политичката криза преку дијалог, пишуваат денеска грчките медиуми.

Само неколку дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за локалните избори кои ќе се одржат на 24 март, Груевски уште еднаш ја повика опозицијата да прифати продолжување на политичкиот дијалог, пишува „Капитал“.

Грчките медиуми, јави дописникот на МИА, ја пренесуваат и вчерашната изјава на македонскиот премиер во која, според нив, тој истакнал дека одлуката да се расчистат случувањата од 24 декември во Парламентот,  поканата за меѓународен мониторинг на локалните избори и подготвеноста да се спроведат препораките на ОБСЕ за фер избори се доволни услови за враќање на опозицијата во Парламентот.

Во Атина се пренесува и дека владејачката партија ја поддржува идејата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање ад хок комисија која ќе даде препораки за безбедносните служби во Парламентот и за безбедноста во и околу Парламентот.

– Ние немаме од што да се плашиме и што да криеме. Ние знаеме дека сме во право и затоа оваа идеја ја прифаќам со добра волја, ја цитира изјавата на премиерот Груевски весникот „Имерсија“.

Грчките медиуми потсетуваат дека опозицијата вчера протестираше пред зградата на Владата и  на Груевски му даде три дена да свика предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека ќе ги бојкотира локалните избори доколку не се исполнат нејзините барања.

Во меѓувреме, јавува АНА-МПА, се зголемува и притисокот од Брисел за постигнување политички дијалог. Членови на Европскиот парламент, предводени од Јиржи Бузек, имаа средби со македонските власти, а ненајавено во Скопје престојуваше и шефот на комисијата за проширување на ЕУ Стефано Санино.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он