Средба Димитров-Брегу: Посветени на заедничка работа која ќе вроди регионални придобивки

Од:

Ни претстои уште една важна година како регион. Силно сме посветени на заедничката работа која ќе вроди регионални придобивки. Подготвени сме да бидеме дел од напредокот секогаш кога напредок е можен, посочил министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со новиот Генерален секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

На средбата Димитров истакнал дека е задоволен од визијата и планот за понатамошни активности, како во однос на нејзините приоритети и идните активности на регионален план, така и во насока на заеднички напредок на Регионот. Тој потенцирал и дека придобивките за граѓаните од Самитот на Берлинскиот Процес во Познањ (јули 2019-та) се отсликуваат во сферата на дигитализацијата, мобилноста на младите и подобрување на инвестициските услови. Заложбата на секоја од земјите од регионот во исполнување на обврските, рекол министерот за надворешни работи, ќе се рефлектира на квалитетот на животот на граѓаните.

Во разговорот позитивно биле оценети активностите и придобивките од соработката во рамките на Советот за регионална соработка, како и развојот на соработката во рамките и на други регионални и мултилатерални организации.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски