МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Од:

Со проценета вредност без ДДВ од 3.000.000 денари или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна документација која ќе се користи при извршување на набавка на услуги за изработка на биометриски документи.

Станува збор за категоријата информатички и поврзани услуги. Квалитетот учествува со 70, а цената со 30 бодови.

На огласот на Бирото за јавни набавки пишува дека станува збор за постапка со преговарање со претходно објавување на оглас. Критериум за доделување на договорот е економски најповолната понуда. Пријавите за учество може да се достават до 15 февруари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба