Американската тенисерка Серена Вилијамс беше многу задоволна по победата над Симона Халеп (Романија) во осминафиналето на Австралија опен.
– Тоа беше тежок и исцрпувачки меч. Дали останувам во спортот заради вакви натпревари? Јас само сакам да играм тенис и сакам да играм овде. Халеп е број еден во светот и одличен играч.Јас играв како што сакам. Знаев дека би можела да играм така. Јас сум вистински борец и никогаш не се откажувам. Борба за секој поен. Моја работа е да играм за навивачите. И јас го сакам тоа, рече Серена.
Во четвртфиналето Американката ќе игра со чешката тенисерка Каролина Плишкова.