ВИДЕО: Роднини на Груевски нема да сведочат, сослушано обезбедувањето

Од:

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша доста сведоци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Рускоска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.

– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Рускоска.

Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Рускоска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат.

Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски, обвинителката Русковска рече дека блиски роднини нема да има.

– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци, изјави обвинителката Рускоска.

Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија. Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on