Средба на пратеникот Милошоски со израелскиот амбасадор Амрани

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски оствари работна средба со израелскиот амбасадор Јозеф Амрани, кој престојува во неколкудневна посета на Република Македонија.

На средбата, соопшти собраниската прес-служба, заеднички е истакнато дека пријателските македонско-израелски односи отвораат голем простор за соработка особено во областа на економијата, одбраната и образованието.

Израелскиот амбасадор се заблагодарил за поддршката што Македонија му ја дава на Израел на мултилатерално ниво. Исто така, го истакнал односот на македонската држава кон еврејското прашање и изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје, како најдобар пример во Европа.

Милошоски и Амрани се согласиле дека пријателските билатерални односи треба да бидат дополнителна причина за продлабочување на парламентарните односи помеѓу македонското Собрание и израелскиот Кнесет.

МИА

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани