Демократски сојуз: Да се послуша гласот на пазарџиите

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека имплементацијата на Законот за зелените пазари е без претходна подготовка и консултација со еснавските асоцијации и пазарџиите.

Демократскиот сојуз бара Министерството за економија да предложи до Парлаламентот да се одложи примената на овој закон за една година, а во меѓувреме да направи анализа на проблемите со зелените пазари и предложи решенија користејќи ги искуствата од другите држави.

Во оваа насока треба сопствениците на пазарите да имаат обврски за примена на високи хигенско-санитарни стандарди, услови за работа за продавачите, покривање на пазарите, како и јасни критериуми кој може да биде продавач, нивните социјални права и друго.

Голем број на пазарџии се социјално загрозени, работат во тешки услови, на минус 10 или на четириесет степени и сл.

Институциите треба да поведат сметка и за препродавачите, сопствениците на пазарите и сите други кои имаат финансиски интерес, а ги одбегнуваат давачките спрема државата“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски