(ВИДЕО) Стојаноски: Градоначалникот на Ѓорче Петров продолжува со расипничкото трошење на парите

Од:

„Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните, а колку повеќе се расфрла толку помалку е заинтересиран за круцијалните проблеми со кои се соочуваа општината.

Клучниот проект на Наумовски во година и половина раководење со општината е зголемување на сопствената плата за 4.100 денари, пари со кои примателите на социјална помош преживуваат во текот на целиот месец. Сега платата на градоначалникот изнесува 65 илјади денари со што тој зема плата речиси три пати поголема од просечната во Република Македонија“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека ѓорчевци се гушат поради енормното загадување, кое пред само некој ден достигна 800 микрограми на метар кубен пм 10 честички, што е за 16 пати над дозволеното, Наумовски ужива во локалните кафеани трошејќи ја платата која сам си ја покачи.

Решение за аерозагадувањето нема, иако во предизборната кампања за локалните избори ветуваше експресно надминување на овој најгорлив проблем на граѓаните.

Наумовски заборави и на своите ветувања за изградба на базен и градинка во општината од кои по година и половина се уште нема ни трага ни глас. Пари нема за овие клучни проекти кои тој им ги вети на граѓаните на општина Ѓорче Петров.

Но затоа има 1 милион денари за репрезентација, односно за јадење и пиење, повеќе пари за покачување на сопствената плата и за нови партиски вработувања. Наумовски е срам за општината и време е да си замине“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања