Борисов: Напредува дијалогот за добрососедство со Македонија

Од:

Преговорите меѓу Бугарија и Македонија за склучување спогодба за пријателство и добрососедство напредуваат добро, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

По вчерашната средба во Софија со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, Борисов истакна дека деновиве телефонски разговарал со претседателот на македонската Влада Никола Груевски и оти се надева дека наскоро ќе се сретнат.

Софија, според него, секогаш се однесувала пријателски кон Скопје, и со јасно укажување дека што побрзо Македонија ги почне преговорите за членство во ЕУ толку подбро за неа.

Хрватскиот премиер Милановиќ, пак, изјави дека Загреб безусловно ја подржува евроинтеграцијата на Македонија.

– Хрватска нема нерешени прашања со Македонија и ќе ја поддржи на секаков можен начин. Македонија премногу долго е ставена во неодржива ситуација во однос на членството во НАТО и ЕУ, рече Милановиќ

Тој нагласи и дека Хрватска по приемот во ЕУ што треба да се случи во јули годинава, нема да им создава проблеми на своите соседи во процесот на евроинтерграција.

МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада