ВИДЕО: 18-годишната Јована го победи ракот, а денеска доплива до Светиот крст

Од:

Традиционалното обележување на Водици и пливањето по Светиот крст е одржано и во Земун, каде што прва до крстот дојде 18-годишната Јована Лепосавиќ од Белград, јавуваат српските медиуми.

Таа пред собраниот народ ја раскажа својата животна приказна, велејќи дека го победила ракот и дека овој Крст го посветува на сите кои боледуваат од оваа болест и оние кои не се повеќе меѓу живите.

– Ви благодарам на сите кои учествувавте и кои ми дозволивте прва да стигнам. Овој триумф ми значи многу бидејќи е во чест на моите другари кои се лекуваат од канцер и на оние кои не се повеќе со нас, рече Јована.

Меѓу 243 лица кои пливаа по светиот крст во водите на Дунав, Јована била единствената пријавена девојка, а момчињата и дозволија прва да стигне до крстот, кој според верувањата носи здравје и среќа.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции