ВИДЕО: По 11 пат се реализираше хуманитарната манифестација Пивтијада во Автокоманда

Од:

Општина Гази Баба ја продолжува традицијата за организација на хуманитарна манифестацијата “Пивтијада”. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски го отвори настанот кој се реализира по 11 пат, по повод празникот Богојавление Господово – Водици, на плоштадот Автокоманда.

– На едно место се собраа членките на организација на жени Гази Баба, месните заедници од општината и Здружението на пензионери од Гази Баба заедно со посетителите, настан кој од година во година е се попосетена. Целион настан беше проследен со настап на музички ѕвезди од македонската естрада, рече Георгиевски.

За креаторите на најдобро декорираните пивтии, добија награди.

Градоначалникот пред присутните посочи дека е особено среќен што и оваа година сите собрани средства од продажбата на пивтии ќе се донираат за потребите на Детска клиника.

– Ви посакувам убав провод и повикувам што повеќе граѓани да ја посетат оваа манифестација, со цел што повеќе средства да се соберат кои ќе помогнат во работењето на Детската клиника, а кои ќе бидат од полза за децата кои се лекуваат таму, посочи Георгиевски.

Со собраните средства ќе бидат набавени инхалатори за Детската клиника.

Георгиевски ги посети и членовите на Здружението на пензионери од општина Гази Баба по подов денешниот празник.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба