ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазиците беше изгласан насилнички и недемократски и објавен во Службениот весник

Од:

„Одговорност за шверцескиот начин на кој СДСМ го објави Законот за двојазичност мора да има. Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици по Република Македонија.

Законот беше изгласан насилнички и недемократски и на ист таков начин беше објавен во Службениот весник без потпис на претседателот Иванов, спротивно на Уставот, Законите надвор од сите процедури.

Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.

Правната држава и владеењето на правото се основните постулати на една демократска држава. Јавното обвинителство мора да се ослободи од политичките притисоци и веднаш да постапи по овие кривични пријави, а доколку не постапи станува соучесник во целиот процес“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он