Започна меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески

Од:

Започна десетиот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Во спортската сала „Форца“ ќе се одиграат натпреварите меѓу екипите од Македонија, Хрватска, Грција и Албанија.
Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.
За прв пат, од оваа година, овој турнир во чест на нашата музичка легенда доби и меѓународен карактер.

На отворањето на турнирот, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев говореше за значењето на оваа спортска манифестација.

– Тоше беше и се уште е нашата најголема музичка ѕвезда. Уметник кој беше пример за сите генерации. Личност која сите го сакаа, а неговата хуманост и солидарност секогаш беа во преден план. Нашата обврска денеска е да го негуваме неговото дело. Преку ваков вид на спортски настани да се потсетиме на вредностите кои Тоше ги споделуваше, на фер плејот, спортскиот дух, позитивната енергија, рече Богоев.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Нова Градишка, Винко Гргиќ, како и претставници од оваа хрватска општина каде што Тоше трагично го загуби својот живот.

Сепак, овој турнир е добра потврда за унапредување на соработката меѓу Опшина Карпош и Нова Градишка. Токму ликот и делото на Тоше Проески и денеска придонесуваат да се прави мост на соработка меѓу различни култури и држави.

Натпреварите ќе се одиграат во текот на викендот и сите заинтересирани граѓани имаат можност да ги проследат.

Би можело да ве интересира

Вечерва стартува „Карпошово културно лето“

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош