Компанијата „Гресо“ (Gresso) е едно од најпрепознатливите имиња во светот на луксузните телефони. Нивните „Grand Monaco“, „Avantgarde“ и „World Time“ колекции се многу познати меѓу богатите и славните. Последната колекција телефони кои се пласираа на пазарот го добија името „Cruiser Titanium“.
При производството на овој модел е користена нивната специјална „хенд полишинг“ (hand polishing) технологија за да добијат еден од најсилните материјали кои постојат за изработка на оваа иновативна колекција.
За разлика од конвенционалните телефони, „The Gresso Cruiser Titanium“ колекцијата нуди прв мобилен телефон на светот кој е изработен од толку силен материјал што главно се користи во аеро-индустријата. Површинските оштетувања на овој телефон се речиси невозможни.
За изработка на еден примерок потребни се 16 часа рачна работа при која високо внимание се посветува на деталите.
Телефонот е комбинација на маестраелн дизајн и рачна изработка при користењето на најквалитетните материјали, а е направен во 555 примероци од кои секој има вгравирано единствен број кој не се повторува, така што е невозможно да се направи лажна копија на оригиналот.
МИА