Кирацовски: Кривичните пријави на ВМРО-ДПМНЕ се беспредметни

Од:

Кривичните пријави против претседателот на Собранието на Република Македонија, заменикот секретар на Собранието на Република Македонија и до директорот на „Службен весник“ се беспредметни, изјави пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

За време на денешниот престој во Битола, Кирацовски истакна дека СДСМ во целост го поддржа потегот на претседателот на Собранието на Република Македонија во врска со потпишувањето на Законот за употреба на јазиците, како и ратификацијата на Договорот со Република Грција.

-Ние како политичка партија целосно го поддржуваме потегот на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, односно потпишувањето на Законот за употреба на јазиците и ратификација на Договорот со Република Грција. Претседателот Ѓорге Иванов согласно член 75 став 3 од Уставот на Република Македонија беше должен да го потпише Законот за употреба на јазиците затоа што два пати минуваше и беше изгласан во Собранието на Република Македонија, и затоа сметам дека кривичните пријави против претседателот на Собранието на Република Македонија се без предметни, а дали ќе има основа за поднесување кривична пријава против претседателот на државата, искрено да ви кажам нити сме размислувале, нити пак е вредно да се размислува, изјави Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он