ВИДЕО: Огромен број граѓани низ улиците на Белград за да го поздрават Путин

Од:

Огромен број граѓани од цела Србија попладнево излегоа низ улиците на Белград во знак на поддршка на претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ.

Граѓаните што шетаат низ главниот град на Србија носат транспаренти „Спасба пресидент“ и „За слободна и пристојна Србија“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ му рекол на рускиот претседател Владимир Путин откако го прими орденот „Александар Невски“, дека на улиците низ Белград го чекаат огромен број на граѓани.

– Добив информација дека на улиците низ Белград веќе има 30 илјади луѓе кои дошле да ве поздрават, а уште луѓе и пристигнуваат, му рече Вучиќ на Путин.

На чело на колоната граѓаните носат транспрент „Еден од 300 милиони“, транспаренти со сликите на рускиот и српскиот претседател, како и „Србија-Русија вечни пријатели“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане