(ВИДЕО) Османи: ДУИ очекува СДСМ да си стои на договорот за заеднички кандидат за претседател

Од:

Коалциониот партнер на СДСМ, ДУИ, очекува СДСМ да си стои на договреното и на претседателските избори да излезат со консензуален кандидат. Бујар Османи од ДУИ, не сакаше да ги коментира имињата кои кружат во јавноста, однсно дали би ги поддржале Стево Пендаровски или Денко Малески за претседателски кандидати. Тој додаде дека се уште е рано да каже дали тие ќе извадат свој предлог на маса, за кој ќе бараат поддршка од коалционерите.

„Начелен договор за консезуален кандидат постои со СДСМ, уште кога се формираше коалицијата. Сметаме дека државата треба да ги надмине етничките и партиски препреки затоа што претседателот треба да биде фигура што ги спојува сите. Не сакаме да се доведеме во ситација како со Ѓорѓе Иванов, кој не ја извршуваше функцијата како што треба. Се обидовме оваа идеја да ја реализираме со ВМРО-ДПМНЕ, но не успеавме, тие одбија. Се надеваме дека со СДСМ ќе најдеме заеднички прифатливо решение“, рече Османи.

Претходно, потпретсдателката на СДСМ Фросина Ременски, изјави дека сите опции се во игра, не отфрлајќи ја можноста за заеднички предлог кој ќе би го подржле партиите од парламентарното мнозинство.

„Прашањата меѓу коалиционите партнери во Владата се водат во рамките на партиите и тие не се завршени. Консултации и анализи постојат, но сè уште не сме го отвориле прашањето околу можните кандидати и дали тоа ќе биде концептот на консензуален кандидат. Секако сите опции се отворени за разговор и секако дека ќе избереме најсоодветен начин да можеме да ги обединиме граѓаните околу изборот на кандидат на СДСМ“, изјави Фросина Ташевска Ременски, по завршување на сребата во Државната изборна комисија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак кандидатот за претседател ќе го обелодени на конгрес во Струга кој ќе се одржи на 16 февруари. До тогаш на отворениот оглас ќе се пријавуваат кандидатите, по што париските органи ќе одлучат со кој ќе излезат на претседателските избори.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција