(ВИДЕО) Јорданов: Време е локалните власти да се разбудат од зимски сон!

Од:

„Црнила на национално, црнила на локално ниво! Депресијата и разочарувањата во државата од ден на ден, се‘ повеќе се пресликуваат во Општина Штип.

Иако сме во зимска сезона, време е локалните власти да се разбудат од зимски сон!

Откако падна снегот, граѓаните имаат можност да проценат колкав е капацитетот на оваа локална власт. Јавните претпријатија две недели не можат да се справат со снежната покривка, затоа се уште имаме неисчистени улици, а тоа го оневозможува ЈП Исар да го собере ѓубрето“, рече Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

„Секојдневна глетка во секое маало и во секоја населба се неисчистените улици, замрзнати тротоари и преполни канти и контејнери со ѓубре и смет.

Но, тоа е само дел од она што го гледаме од оваа тендерска власт. Во изминатиов период нема ниту еден видлив проект, со кој ќе се остварат дадените ветувања. Оваа неспособна власт не може да ги сервисира основните обврски кон граѓаните, а камо ли пак да очекуваме инфраструктурни проекти кои и така одамна ги заборавивме. А онаму каде што се одвиваат некакви активности и зафати, нормално е истите да се завршуваат по неколку месеци.

Оваа власт е најлошото нешто што се случило на државата и на Општина Штип, неспособноста е вгнездена во сите сегменти на општеството – никакви резултати, никакви проекти, само празни ветувања и сликања, колку да се бидат присутни во јавност.

Ете затоа, 1000 метри асфалт се преставуваат како најголемо достигнување и отчет на градоначалникот за неговото работење, односно неработење.

За да не го потсетуваме градоначалникот што пишува во неговата програма, најдобро ќе биде сам да се потсети и почесто да реализира капитални проекти, наместо да ја полни администрацијата со партиски кадри“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“