Бочварски посети две основни училишта во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со раководителката на лер, јавни дејности и образование Билјана Казанџиска ги посетија основните училишта Димитар Влахов и Славејко Арсов. Основните училишта се комплетно подготвени да ги дочекаат учениците и да започне вториот дел од учебната година.

„Општина Штип инвестираше 7,2 милиони денари од кои 2 милиони денари се на училиштето Димитар Влахов. Еве сега сум информиран од директорот дека јавните набавки се завршени и се во фаза на реализација. Имаме нов котел за парното греење којшто беше во дотраена состојба, со тоа што греењето го решивме за еден подолг временски период, опремување на неколку кабинети со сите потребни материјали со тоа што можеме да кажеме дека вршиме подобрување на условите за учење“, посочи градоначалникот.

Градоначалникот Бочварски заедно со директорот на основното училиште Славејко Арсов извршија увид во состојбата на училиштето и новиот премин од училиштето кон салата.

„Најгорливиот проблем на училиштето Славејко Арсов беше преминот од училиштето кон салата, немаше никаква топла врска помеѓу двата објекти. Општина Штип издвои 2,2 милиони денари за училиштето Славејко Арсов. Можеме да забележиме дека овој проект е завршен со уште некои мали корекции,“ кажа Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово