Марк Леонард: Грција и Кипар се однесуваат деструктивно на Балканот

Од:

Грција и Кипар, и покрај економската помош што ја добија од Европската Унија, се уште ги попречуваат европските приоритети, како што е проширувањето со земјите од Балканот, оцени Марк Леонард, директор на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), влијателен аналитички центар со седиште во Лондон.

Леонард зборуваше во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, на панел-дискусиката за европската надворешна политика и излегувањето од кризата во еврозоната, при што внимание беше посветено и на проблемити во проширување на Европската Унија.

– Едно од интересните прашања е за списокот на забошотувачи, државите-забошотувачи како што се Грција и Кипар. Тие добија голема помош од остатокот на ЕУ, но се уште се целосно деструктивни во многу аспекти на надворешната политика. Имаше прашање на почетокот на кризата дали оваа динамика ќе се смени со кризата, но за жал, изгледа дека Европа нема никакво влијание врз Грците на Балканот, изјави Леонард.

Поради противењето на Грција и на Кипар, Леонард оцени дека проширувањето на Европската Унија е отежнато, велејќи дека приемот на Турција, на пример, веќе е само теоретско прашање, а не и практична можност.

Директорот на ЕЦФР, совет кој е формиран за да ја оценува европската надворешна политика, смета дека по очекуваниот прием на Хрватска во Европската Унија, секое идно проширување ќе се одвива со сериозни дебати.

– Хрватска се протна речиси тајно во ЕУ, немаше многу дебата за нејзиниот прием. Мислам дека таа е последната земја која ќе влезе на овој начин. Јас сум голем поддржувач на проширувањето на ЕУ, но мислам дека мора да има сериозна дебата и да се придобие поддршката за да има проширување, оцени Марк Леонард во дискусијата во институтот „Брукингс“.

МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната