ОЈО: Истрага против пет лица за неовластено производство и пуштање во промет дроги

Од:

Јавното обвинителство ќе спроведе истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По предлог на Обвинителството, Судот на петтемината осомничени им определи 30-дневен притвор.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани. Постои основано сомневање дека лицата сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти денеска Обвинителството.

Осомничените, како што е наведено во соопштението, неовластено заради продажба купувале и пренесувале наркотична дрога – марихуана.

– По претходен договор, македонските државјани изнајмиле возило со кое требало да се подигне дрогата. Откако била извршена исплата за пратката, еден од осомничените со изнајменото возило се упатил кон договореното место во близина на граничниот премин Блато. Според насоките, тој ги подигнал двете торби што биле оставени од други лица, а во кои била спакувана дрогата и се упатил кон Дебар каде требало повторно да се сретне со двајца од осомничените албански државјани. Движејќи се низ улиците на Дебар, осомничениот видел полициски пункт, го оставил изнајменото возило и влегол во такси возило со цел да продолжи кон договореното место за средба, но такси возилото било запрено од полициските службеници. Во присуство на осомничениот е извршен претрес на оставеното возило и е пронајдена дрогата со вкупна нето маса од 20,2 килограми, велат од Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за определување мерка притвор за сите осомничени. Ваквиот предлог Судот го прифатил, па со решение на петтемина осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он