Светски ден на радиото

Од:

Советот за радиодифузија упати честитки до сите радиостаници  по повод 13 февруари – Светскиот ден на радиото.

Целта на Светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО, е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку  брановите на овој медиум.

Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода  на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со развојот на интернет и мобилните технологии уште повеќе се зголемуваат неговите досегашни можности, наведува Советот за радиодифузија.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Русија го означи Радио Слободна Европа како „непожелна организација“

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ