Кастро ги пофали економските реформи и изборот на жените во парламентот

Од:

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро ги пофали, во најновото интервју, економските реформи кои ги спроведе неговиот наследник и брат, Раул, велејќи дека, должност е на државата да оди во чекор со времето.

Кастро, исто така, го пофали кубанскиот народ, што избрал повеќе жени отколку мажи во Националното собрание, кое има 612 пратеници.

Во опширното интервју за весникот на Комунистичката партија “Granma”, Кастро ги пофали и изборните органи што изградиле нов приод кон неговото гласачко место, па не морал да се качува по скали и да го напрега коленото кое го боли од кога падна во 2004 година.

Поранешниот кубански лидер, кој има 86 години и ретко се појавува во јавноста, пофално зборуваше и за својот болен сојузник и пријател, претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој се бори со рак во кубанска болница.

„Додека политичката битка беше во полн замав, го запостави здравјето и се посвети на борбата”, рече Кастро.

Што се однесува до неговата здравје, Кастро призна дека има проблеми со читањето на ситните букви на телевизискиот екран, велејќи дека му смета “промената на светлото”.

Во опширното интервју, Кастро зборуваше за бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки, колонизацијата на Марс и Француската револуција, а текстот беше објавен еден ден откако папата Бенедикт Шеснаесетти го шокираше светот најавувајќи повлекување поради физичка и ментална слабост.

Ватиканскиот весник “Oservatore romano”, пишува дека папата донел одлука да поднесе оставка по патувањето во Мексико и Куба во март 2012 година, каде меѓу другото се сретнал со двајцата браќа Кастро, наведува АП.

Средбата со Фидел ја започнал со шеги за годините.

„Да, јас сум стар, но сеуште можам да ја работам мојата работа”, рече Бенедикт, пренесува АП повикувајќи се на зборовите на портпаролот на Ватикан. Следниот ден ја напушти Куба со зборовите “Збогум, засекогаш”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД