Голем интерес на медиумите за посетата на Путин, во Белград акредитирани 600 новинари

Од:

За посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Белград акредитирани се речиси 600 новинари, сниматели и фоторепортери од Србија, Русија и регионот.

Сите српски медиуми и голем број од медиумите од регионот ќе ја покриваат посетата на рускиот претседател.

Акредитации за посетата на Путин зеле и медиумски екипи од водечките светски агенции, електронски и печатени медиуми, како АП, Франс прес, Ројтерс, кинеската државна телевизија, германската државна телевизија и други.

Специјални известувачи во Белград испратиле и Гардијан, Њујорк Тајмс, британски Тајмс, шведскиот Дагенс Нихетер.

АП во најавата за посетата на Путин на Белград пишува дека тој во српската престолнина ќе биде пречекан како херој.

Во извештајот од Белград, АП напоменува дека Путин пристигнува во својата четврта посета на Србија од 2001 година.

Агенцијата укажува на тоа дека Србија одржува блиски врски со традиционалниот сојузник Русија, иако Белград се залага за членство во ЕУ.

Владимир Путин треба да пристигне на аеродромот „Никола Тесла“ утре, каде што ќе биде пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски