Британската премиерка Тереза Меј нагласи вечерва во Парламентот дека ги повикала лидерите на парламентарните партии да одржат состанок за да се обидат да најдат излез од ќорсокакот кога станува збор за Брегзит.
– Имаме одговорност да пронајдеме начин што може да обезбеди поддршка во Долниот дом на Парламентот, рече Меј.
Таа додаде дека предложила низа состаноци меѓу високи парламентарци и претставници на владата во следните денови.
Владата на Меј денеска доби доверба во Парламентот откако за неа гласаа 325 пратеници додека 306 беа против.