Поставување на фотоколектори на три објекти во Штип

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го посети училиштето ООУ „Ванчо Прќе“ кое е една од институциите каде ќе се поставуваат фотоколектори.

Општина Штип аплицираше на проект менаџиран од Светска банка и обезбеди поставување на фотоколектори за три објекти кои преку производство на енергија од обновливи извори во голем дел ќе обезбедат заштеди на електрична енергија и истата ќе ја користат за свои потребни.

„Денеска ја информираме јавноста овде од пред основното училиште Ванчо Прќе за еден убав град којшто го доби Општина Штип за три свои објекти.

Општина Штип доби монтажа на фотоволтаици на три објекти во нашиот град и тоа: на ООУ „Ванчо Прќе“, ТППЕ Штип и филтен станицата, објект на ЈП „Исар“. Се работи за големи заштеди, дополнително намалување на загадувањето, обновливи извори на енергија и сето тоа ќе го добиеме како опрема без надомест.

Очекуваме до крајот на март оваа година да бидат поставени фотоволтаиците,“ изјави Бочварски.

На трите објекти ќе се постават панели со капацитет од околу 15 kw/h или вкупно 50 kw/h на сите три објекти заедно.

Поединечно секој објект би произведувал по околу 25,000 kw/h годишно.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип