Погледнете како би можел да изгледа часовникот на Apple, iWatch

Од:

Судејќи според гласините, компанијата “Епл” треба оваа година да исфрли на пазарот паметен рачен часовник, под името “ajvoč”. Иако информацијата се уште официјално не е потврдена, некои дизајнери веќе ја понудиле својата визија за футуристичкиот апарат.

Вака "ајвоч" го замисли Ирвинг Тореалба

Гласините за “ајвоч” ги започнаа во декември кинеските сајтови, кои објавија дека “Епл” соработува со “Интел”, на апарат кој би се носел на рачниот зглоб.

Екранот на интелигентниот часовник наводно би требало да има дијагонала од еден и пол инчи, како и блутут, преку кој би комуницирал со “ајфон” и другите уреди.

Федерико Чичарези паметниот часовник го замислил во форма на плочка

“Ајвоч” би го користел iOS оперативниот систем, што значи дека корисниците лесно би можеле да превземаат и да користат различни апликации.

Според визијата на дизајнерот Ирвинг Тореабле, “ајвоч” ќе биде изработен од провиден материјал, додека Федерико Чичарези го замислува како плочка што би се носела на горната страна на раката.

Идеи претставија и Андерс кјелберг од Шведска, Павел Симеонов од Бугарија и многу други. Антонио де Роса осмисли часовник кој би проектирал слики и фотографии на ѕид, а неговиот слоган би гласел “Време е да го промените времето.”

Интересно е дека паметниот часовник на “Епл”, сепак не би бил првиот уред од ваков вид. Часовник под името “PEBL” веќе долго се произведува во САД, а многу е корисен за велосипедистите, кои преку него можат да го контролираат GPS на својот телефон или да менуваат песни.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска