„Џабе ни е двојазичност, кога младите констинуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата од 500 евра“, изјави еден граѓанин во анкетата на Макфакс, на прашањето какви промени би донел законот за јазици, во животот на граѓаните .
Воглавно тие не се против ваквиот закон, но тој за нив нема значење ако не се промени економската ситација и престане иселувањето на младите.
„Не ми пречело, ниту ми пречи да зборувам и македонски и албански и било кој друг јазик. Што ако го носат тој закон, кога ние пак остануваме тука во оваа Скопје, под ова небо, со мали плати и борба за гола егзистенција“
„Тоа се приказни за мали деца. На кој политичар му е гајле за народот. Ги видовме сите, само манипулираат. Си прват што сакаат, а луѓето нека се мрзнат на снегот“, велат анкетираните за Макфакс.
На политичарите им порачаа, дека се избрани да ги решаваат реалните проблеми во државата пред се на подигање на стандардот со повисоки плати, а не да ги замајуваат со политиканство.
Габриела Димковиќ-Мишевска