СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата

Од:

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски не сака силна, независна и професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.

Затоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Очигледна е разликата во концепти. СДСМ и парламентарното мнозинство во Собранието се ПРОТИВ корупција, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се ЗА корупција.

ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна борба против корупцијата. Да беа навистина за суштинска борба против корупцијата, немаше да бидат против тоа Комисијата да има проширени надлежности на дејствување, особено во делот на финансирање на политичките партии.

На Македонија и е потребна силна, независна и професионална Комисија за спречување на корупцијата и затоа, потребно е сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Време е да запрат блокадите и деструкциите, а партиските интереси да се стават на страна.

Независно, професионално и силно регулаторно тело кое ќе се бори против корупцијата е во интерес на целокупното општество“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски