(ВИДЕО) Дескоска: Треба да има Антикорупциска до изборите, за да се следи финансирањето на кампањите

Од:

Роковите бараат побрзо носење на законот за спречување на корупцијата за да се избере новата Антикорупциска комисија, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Таа образложи дека Владата претходно го пуштила законот, но бил блокиран со амандмани. Според министерката, антикоруоциската комисија треба да се избере до изборите, со цел да го следи финансирањето на кампањите.

„Законот беше доставен до Европската комисија на мислење и овој закон е со ЕУ препораки. Свесна сум дека поединци имаат стравувања за одредени решенија, особено во однос на проблемот со финансирањето на партиите. Ве повикувам да ја поддржиме потребата за законот, па на претседателските, а можеби и на парламентарните избори да имаме антикоруоциска комисија која ќе ги следи финансирањата на кампањите“, образложи министерката за правда и ги повика сите пратеници да гласаат за законот.

Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка, денеска е на дневен ред на седница во Собранието.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски