Вице Заев го тужи Александар Николоски за клевета

Од:

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Причината за тужбата е поради тоа што Николоски во телефонско интервју за една телевизија, рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добива сите главни бизниси во државата.

На следното рочиште на 26 февруари, ќе биде распрашан братот на премиерот. Николоски доставил одговор на жалбата и рече дека сам ќе се застапува. Вредноста на спорот е 30 илјади денари.

Во изјава за медиумите, Николоски рече дека Вице образложил дека поради таа изјава чувствувал вознемиреност и имал главоболки.

„Ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје“, рече Николоски по рочиштето.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Нови 49 возила за собирање смет – донација од Министерството за транспорт и Светска банка

A1on

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски

Николоски: Невозможни се барањата на нискобуџетната „Рајан ер“

Катерина Ѓуровски

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Предраг Петровиќ

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок